ЕВН е водечкa меѓународнa и јавно котирана компанија за услуги од областа на енергијата и животната средина со седиште во Долна Австрија, најголемата федерална област во земјата. Корпоративен профил Врз основа на најмодерна инфраструктура, ЕВН нуди на домашниот пазар електрична енергија, природен гас, топлина, вода за пиење и третман на отпадни води, горење отпад и поврзани услуги од единствен снабдувач. Исто така, компанијата има и кабловска телевизија и телекомуникациски мрежи и нуди различни енергетски услуги за приватни и бизнис корисници како и за општини, како дел од своето портфолио. Бизнисот со енергија во странство вклучува малопродажба на електрична енергија и природен гас во Германија, електрична енергија во Бугарија, Македонија и природен гас во Хрватска. Покрај тоа, енергетскиот бизнис вклучува производство на електрична енергија во Македонија. Понатамошни деловни активности на ЕВН вклучуваат производство и малопродажба на топлинска енергија во Бугарија, набавка на електрична енергија, природен гас и други примарни извори на енергија, како и големопродажба на електрична енергија и гас. Врз основа на купувањето на германска група за еколошки услуги во 2003 година, ЕВН значително го прошири своето портфолио на производи и географскиот досег. Успеа да изгради и да интегрира втор стратешки столб во своите деловни операции, а тоа е сегментот на еколошки услуги. ЕВН може да се пофали со долгогодишно искуство во планирањето и изградбата на постројки за снабдување со вода за пиење, отпадни води, одсолување и за согорување на отпад, со искуство од 100 еколошки проекти спроведени во своите пазари. ЕВН моментално е активна во 14 земји. Скоро 5 милиони корисници ја покажаа својата доверба за безбедна и сигурна енергија и еколошки производи и услуги кои ги нуди ЕВН. Покрај безбедното снабдување на директните корисници, постројките во рамки на еколошките услуги на ЕВН обезбедија снабдување со вода за пиење, отстранување на отпадни води и користење на термички отпад за клиенти во разни европски земји.