× Менаџери за клучни корисници Александар Мијалков Има меѓународно искуство во телекомуникациската индустрија во Велика Британија, 7 години во истата индустрија во Македонија и 5 години во ЕВН групацијата. Преку успешно дополнување на ова искуство, со позитивен пристап, се стреми да им овозможи креативни решенија на своите корисници. Александар е препознатлив по својот проактивен пристап, секогаш навремено земајќи ги во предвид сите влијанија. Тој е темелен, љубезен и гледа на работите од перспектива на корисниците со што лесно се поврзува со нив, секогаш стремејќи се кон воспоставување на долготрајни односи со деловните партнери. Е-пошта: [email protected] Панде Гацовски Дванаесетгодишното искуство во ЕВН групацијата на различни позиции го прави исклучителен експерт со големо разбирање на техничките комплексности во индустријата. Експертското знаење комбинирано со неговата страст за учење му овозможува да им пристапи на комплексните барања на корисниците на систематски, но кретивен начин. Тој е темелен и шармантен, со ентузиастички пристап и младешки дух. За него луѓето се секогаш заедничката нишка, па така тој е постојано пасиониран да работи непосредно со деловните партнери, помагајќи им да постигнат значително влијание на перформансите на нивната компанија. Е-пошта: [email protected] Зоран Димитриев Има долгогодишно искуство во различни индустрии во продажба, енергетска ефикасност, обезбедување на квалитет и искуство од 10 години во ЕВН групацијата. Комбинацијата од неговата природна љубопитност и вербата во задоволството на корисниците, му овозможува длабоко чувство за препознавање и пресретнување на потребите на корисниците со преземање на целисходен пристап. Зоран е динамичен, иновативен, мотивиран и ориентиран кон задоволување на потребите на корисниците. Тој е целосно насочен кон соработка со деловните партнери со ЕВН Електроснабдување и позитивното влијание врз нив. Е-пошта: [email protected] Беркант Шен Со своето вредно искуство од 13 години во ЕВН групацијата, тој има широко познавање за движењата и трендовите на пазарот на електрична енергија, како на регулиран така и на либерализиран пазар. Тој е комплетно посветен на корисниците и се гордее со фактот што им е постојано достапен, со цел да овозможи исполнување на нивните потреби. Беркант е флексибилен, сестран, широкоумен и оптимистички настроен. Со широка мрежа на контакти, лесен за комуникација и со одлични меѓучовечки вештини, тој го мотивира тимот на продажба кон постигнување на највисоки можни стандарди. Е-пошта: [email protected] Мимоза Муслиу Познавајќи ги одлично состојбите и трендовите поврзани со либерализацијата на пазарот на електрична енергија, Мимоза го насочува своето внимание кон предизвиците со кои се соочуваат компаниите со нивното квалификување на отворениот пазар и им помага на клиентите да дојдат до најдоброто решение прилагодено на нивните специфични работни процеси и деловни цели. Нејзината истрајност и работна етика, постојаното професионално надоградување и интересoт за запознавање со спецификите на пазарот на електрична енергија и корисничките потреби претставуваат силна препорака за клиентите на ЕВН Електроснабдување. Е-пошта: [email protected] Виктор Велков Долгогодишното искуство во ЕВН Снабдување како и дополнителното искуство во различни дејности му овозможуваат на Виктор уникатна гледна точка од перспектива на клиентите и способност за препознавање на нивните потреби и очекувања. Исто така, тој е постојано посветен кон подобрување и усовршување на сопствените познавања со цел да се осигура максималното задоволство на клиентот и додадената вредност која за нив ја овозможува компанијата. Лесно прилагодлив и смирен во комуникацијата, со неговиот ентузијастички и позитивен пристап, тој е секогаш подготвен да понуди креативни решенија во соработката. Е-пошта: [email protected]