Роланд Циглер Менаџер во ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Роланд Циглер е машински инжинер кој завршил на Техничкиот Колеџ во Виена. Потоа студирал Бизнис Администрација на Виенскиот Универзитет за Бизнис и Економија. Својата кариера ја реализирал на водечки менаџмент позициии, пред се во одделите за маркетинг и продажба, во различни интернационални компании како водечкиот производител на цигли Винербергер и водечкиот европски производител на инфрацрвени греачи Шванк. Во 2011 се приклучува на групацијата ЕВН АГ како одговорен за развој на Одделот за Енергетски Услуги, како фотоволтаици, улично осветлување, консалтинг и продукти за енергетска ефикасност електромобилност и сл. Во 2015 станува прокурист за EVN Energievertrieb GmbH & Co KG. Од 2017 е Претседател на Асоцијацијата за електромобилност на австриските снабдувачи со електрична енергија. Од први април 2019 година е Управител на ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје Беркант Шен Менаџер во ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Беркант Шен студирал Бизнис администрација на SEEU. Во ЕВН групацијата работи 13 години и има вредно искуство на слободниот и на регулираниот пазар за електрична енергија. На почетокот на 2016 година назначен е за раководител на Оддел за продажба и прокурист на ЕВН Македонија Електроснабдување. Во 2019 година назначен е за Менаџер на ЕВН Електроснабдување. Комплетно е посветен на своите корисници и им нуди постојана и безрезервна подршка. Со својата флексибилност и оптимизам Беркант е мотивација тимот за продажба да ги достигне највисоките стандарди.