ПАТРИК ВАСИЧ Менаџер во ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Патрик Васич дипломирал и магистрирал на Универзитетот во Бургенланд, Австрија. Има повеќе од 10 години професионално искуство во областа на информатичките технологии и менаџментот. Од 2012 година е дел од групацијата ЕВН АГ извршувајќи повеќе раководни функции, при што бил одговорен за управување со комплексни проекти, дигитална трансформација и развој на деловни процеси. Во 2018 година e назначен за раководител на ИТ одделот во ЕВН Македонија. Неговиот професионален фокус е насочен кон иновации, оперативна ефикасност и развој на долгорочни партнерства. Од први октомври 2026 година е управител на ЕВН Електроснабдување ДООЕЛ Скопје. Беркант Шен Менаџер во ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Беркант Шен студирал Бизнис администрација на SEEU. Во ЕВН групацијата работи 13 години и има вредно искуство на слободниот и на регулираниот пазар за електрична енергија. На почетокот на 2016 година назначен е за раководител на Оддел за продажба и прокурист на ЕВН Македонија Електроснабдување. Во 2019 година назначен е за Менаџер на ЕВН Електроснабдување. Комплетно е посветен на своите корисници и им нуди постојана и безрезервна подршка. Со својата флексибилност и оптимизам Беркант е мотивација тимот за продажба да ги достигне највисоките стандарди.