Вашата посветеност кон одржливоста добива официјална потврда.
EVN Green е услуга за потврдување на потеклото на испорачаната електрична енергија. Со оваа услуга добивате официјална документација за поддршка на Вашите заложби за одговорно работење.
Преку EVN Green, потеклото на испорачаната електрична енергија првенствено се потврдува преку гаранции за потекло.
Една гаранција за потекло се однесува на 1 MWh електрична енергија од обновливи извори и може да се употреби само еднаш. По активирањето во корист на Вашата компанија, таа не може повторно да се пренесе или употреби. Потврдата за ова е Изјавата за активирање на гаранциите за потекло (Cancellation Statement) — електронски документ од националниот регистар за гаранции за потекло, со кој управува МЕМО, што ЕВН Електроснабдување го обезбедува како официјална потврда за потеклото на испорачаната електрична енергија од обновливи извори.
Доколку гаранциите не се достапни за договорениот период или количина, или доколку изберете сертификација преку независен ревизор, сертификацијата може да се изврши врз основа на ревизорски извештај. Овој механизам успешно го применуваме од 2021 година и го користат голем број водечки компании и странски инвестиции во земјата.
Изјавата за активирање на гаранциите за потекло или ревизорскиот извештај може да се приложат во ESG извештаи и при внатрешни и надворешни ревизии, како потврда за потеклото на испорачаната електрична енергија од обновливи извори и за придонесот на компанијата кон одржливо работење.
Која е вредноста за бизнисот?
📌Репутација за одржливост
Истакнете ја Вашата посветеност на одржливоста пред клиентите и јавноста.
📌Зголемена деловна доверба
Одговорете на барањата на партнерите за докажано обновливо потекло на енергијата.
📌Чекор кон климатските цели
Можност за намалување на јаглеродниот отпечаток од потрошената електрична енергија
📌Придонес кон Вашите ESG цели
Поткрепете ги Вашите ESG извештаи со проверливи податоци за обновлива енергија.
Со EVN Green, Вашата заложба за одржливост создава вредност за Вашиот бизнис.
Побарајте понуда:
📩 [email protected]