Како еден од двигателите на зелената енергетска транзиција во земјата, ЕВН Снабдување континуирано инвестира во развој на решенија што овозможуваат транспарентност и сигурност за потеклото на испорачаната електрична енергија.
Почнувајќи уште во 2021 година, ЕВН Снабдување воспостави систем за сертификација на зелено потекло на електричната енергија што ја испорачува на клиентите, ревидиран од
PricewaterhouseCoopers (PwC). За 2024 година, потврдени се над
150 000 МWh зелена енергија, испорачани на
големи корпоративни клиенти кои го интегрираат одржливото работење во своите ESG стратегии.
Преку
ЕВН Електрани и
виртуелниот производител со капацитет над 200 MW, ЕВН Снабдување создава стратешка инфраструктура за сигурно
издавање и активирање (укинување) на
Гаранции за потекло на електричната енергија, усогласена со европската пракса. Дополнително, ЕВН Снабдување е регистрирана и ги исполнува сите барања на новиот MEMO-сертификациски систем за Гаранции за потекло и ќе им обезбеди на клиентите целосна, официјална потврда за зеленото потекло на нивната потрошувачка преку новите
МЕМО-Гаранции за потекло. Со тоа, ЕВН ја зацврстува својата позиција како снабдувач кој поставува стандарди на транспарентност, сигурност и одржливост.
Водени од јасна визија, создаваме доверба преку експертиза и одржливи решенија што ја обликуваат енергетската иднина. Не само снабдување, туку партнерство, транспарентност и иновација – за сигурност денес и одржлив напредок утре.
.jpg.aspx? title=)