Нов член на менаџерскиот тим, иста посветеност кон нашите клиенти

 
IMG_5482-(1).jpg

Со задоволство ве информираме дека од 1ви октомври на менаџерскиот тим на ЕВН Снабдување му се приклучува Патрик Васич, кој ја презема функцијата од Роланд Циглер.

Воедно, сакаме да изразиме искрена благодарност до Роланд Циглер за неговиот придонес, лидерство и посветеност во градењето на стабилна и доверлива компанија каква што е денес.

Вториот член на менаџментот, Беркант Шен, продолжува да ја извршува својата функција, обезбедувајќи стабилност и доследност во стратешкото управување и деловните активности на компанијата.

Патрик Васич има повеќе од 10 години професионално искуство во областа на информатичките технологии и менаџментот. Во текот на својата кариера извршувал повеќе раководни функции во рамки на ЕВН Групацијата, при што бил одговорен за управување со комплексни проекти, дигитална трансформација и развој на деловни процеси. Дипломирал и магистрирал на Универзитетот во Бургенланд, Австрија, а неговиот професионален фокус е насочен кон иновации, оперативна ефикасност и развој на долгорочни партнерства.

„Ми претставува особена чест што се приклучувам на менаџерскиот тим на ЕВН Снабдување. Влегувам во компанија со силни темели, врвен професионален тим и долгогодишни партнерства изградени врз доверба. Во услови на динамичен енергетски пазар, наш приоритет останува сигурното снабдување, конкурентните услови и високиот квалитет на услуга што нашите партнери го очекуваат и заслужуваат. Верувам дека преку отворена комуникација, доверба и заедничка визија ќе продолжиме да градиме успешни и долгорочни партнерства.“ – Патрик Васич

Oстануваме цврсто посветени на обезбедување стабилни енергетски решенија, унапредување на корисничкото искуство и поддршка на клиентите во остварувањето на нивните деловни цели. Со комбинирање на искуството, континуитетот и новите идеи, веруваме дека успешно ќе одговориме на предизвиците и можностите што ги носи енергетскиот пазар.

Им благодариме на сите наши клиенти за довербата и се радуваме на продолжување на успешната соработка.

ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје
Ул.Лазар Личеноски бр.11, Скопје
П. ФАХ 694, Скопје 1000, Македонија
Телефон: +389 (0)2 3205 500
[email protected]
Политика за приватност