Автор: Горан Соколовски,
Раководител на група Менаџмент на набавка на електрична енергија и
Прокурист на ЕВН Македонија Електроснабдување
*****
Зошто да изберете производ индексиран со цените на MEMO?
Во мај 2023 година, македонскиот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО започна со управување на својот пазар на електрична енергија ден-однапред (day-ahead). МЕМО е во сопственост на МЕПСО и има за цел да создаде транспарентен, конкурентен и ефикасен пазар на електрична енергија, обезбедувајќи сигурно формирање на цените и непречено дневно тргување. МЕМО ги олеснува односите помеѓу производителите, снабдувачите и потрошувачите, нудејќи производи за секој час, ден-однапред (day-ahead).
Клучни карактеристики на MEMO
- Транспарентност и фер конкуренција: МЕМО промовира пазарна транспарентност, ефикасност и фер конкуренција во електро-енергетскиот сектор во Македонија.
- Безбедно снабдување со енергија: Работејќи согласно македонската регулатива, МЕМО придонесува за енергетската сигурност и безбедна интеграција на македонскиот пазар во во Југоисточна Европа.
- Регионална соработка: Соработува со регионални ентитети со цел подобрување на прекуграничното тргување со електрична енергија и поврзаност на пазарите во регионот.
- Платформа за тргување: Ја користи истата платформа за тргување како HUPX, една од најголемите и водечки берзи во Европа..
Целта на HUPX
Основана во 2007-та година, HUPX е централна пазарна платформа на Унгарија за тргување со електрична енергија, фокусирајќи се на пазарот ден-однапред (day-ahead) и пазар во текот на денот (intraday). HUPX обезбедува пазарна транспарентност, ефикасност и ликвидност и е главен бенчмарк за цените на електрична енергија воЈугоисточна Европа. HUPX исто така, учествува во регионални иницијативи за усогласување на пазарните правила и подобрување на прекуграничното тргување со електрична енергија низ соседните европски земји.
Зошто да изберете МЕМО?
- Стабилност: MEMO пазарот на електрична енергија е постабилен и помалку подложен на големи варијации на цената на енергијата во споредба со HUPX. На пример, во јули 2024 година, цените на HUPX се зголемија поради топлотниот бран и состојби со одржувањето, додека цените на MEMO останаа постабилни.
- Без трошоци за прекуграничен пренос: Цените на прекуграничниот преносен капацитет може да варираат во зависност од понудата и побарувачката на соседните земји. Имајќи предвид дека МЕМО делува во границите на Македонија, нема трошоци за прекуграничен пренос, што допринесува за поевтини зделки за клиентите.
- Стабилен раст: MEMO покажа стабилен раст, зголемувајќи го бројот на регистрирани учесници на пазарот од 21 на 32 учесници во рок од само една година, додека просечниот дневен обем на тргување се зголеми од 1.770 MWh на над 2.500 MWh.
Иднината на MEMO
Македонија се стреми кон пресликување на успехот на Унгарија, преку искористување на своите географски предности. Различните извори на енергија кај соседните земји и потенцијалот за соларна енергија во Македонија, претставуваат одлични предуслови за МЕМО во иднина да доживее значителен раст и развој. Дополнително, годишната просечна цена во 2024 година до сега, од околу 90 евра/MWh и дневниот просечен волумен од над 2500MWh го трасира развојниот пат на MEMO кон имплементација на тргување во текот на денот (intraday) во блиска иднина, што понатаму би водело и кон интеграција на пазарот на електрична енергија со соседните земји (market coupling).
Нашата понуда на МЕМО производи
ЕВН Македонија Електроснабдување нуди иновативни производи индексирани со цените на МЕМО, обезбедувајќи поевтина, зелена енергија и континуирана испорака за своите корисници. Изборот на производ индексиран со цените на МЕМО, за корисникот претставува стабилна и конкурентна алтернатива на пазарите на електрична енергија во регионот.