ЕВН Електрани успешно инсталираше импозантен батериски систем во ФЕЦ Пробиштип

 
Group-289.png

ЕВН Снабдување: Која е основната цел на проектот за инсталирање батериски систем во Електрани?


Стојчевски: Целта на инсталирањето на батериски системи во фотонапонските централи на ЕВН Електрани е да се одговори на последниот развој на состојбата во електроенергетските системи и енергетските берзи, односно да се постигне:
  • Подобар финансиски резултат од произведената енергија со можноста да се складира произведената енергија во часовите кога цената на берзата е многу ниска, односно нула, а да се продава подоцна во часовите кога цената е највисока;
  • Дополнителен приход од номинирање на „Флексибилна енергија“ како системска услуга кон операторот на преносниот систем
  • Растеретување на дистрибутивниот систем во периоди на високо производство на електрична енергија од концентрирани фотонапонски централи поврзани на главните дистрибутивни трафостаници
ЕВН Снабдување: Како овој проект се вклопува во пошироката енергетска стратегија на ЕВН Групацијата?

Стојчевски: Во моментов ЕВН Електрани ја поседува и управува со најголемата „Батерија“ во рамки на ЕВН Групацијата, со вкупен капацитет од 20 MWh и инсталирана моќност од 10 MW. Паралелно се одвива развој и имплементација на поголеми системи во ЕВН Австрија (70MW/140MWh) како и во ЕВН Бугарија, што укажува дека оптимизирањето на искористувањето на електричната енергија преку складирање е одговор на енергетските прилики во целата ЕВН Групација.

ЕВН Снабдување: Зошто батериите се особено актуелни токму сега на македонскиот енергетски пазар?

Стојчевски: Македонскиот енергетски пазар се соочува со отежнати околности предизвикани од:
  • Големиот број на фотонапонски електрани изградени во релативно краток временски период, кои произведуваат повеќе електрична енергија од потребите на потрошувачите
  • Дополнителните давачки при извоз на електрична енергија во земјите членки на ЕУ, поради воведениот CBAM од 01.01.2026
Согласно горенаведените околности производителите и прозумерите на електрична енергија сé повеќе размислуваат за имплементација на решение за флeксибилно искористување на електричната енергија кое го нудат точно батериските системи за складирање на електрична енергија (ЕЕ).

Group-290-(1).png
 
ЕВН Снабдување: Кои се најголемите предизвици за имплементација на вакви системи кај нас?

Стојчевски: Постојат технички, правни и финансиски предизвици за имплементација на (Батериски) Уреди за Складирање на електрична енергија (УСЕЕ):
  • Наоѓање на соодветна локација со мрежни прилики кои дозволуваат приклучување на УСЕЕ
  • Изведба на техничко приклучување – интеграција на УСЕЕ со постоечка централа за производство на ЕЕ, во делот на искористување на заедничкиот приклучок кон дистрибутивната мрежа, среднонапонската трансформација и прилагодување на постоечките трафостаници
  • Придржување кон процедурите за прибавување на соодветни одобренија и документација согласно последните измени во законот за енергетика
    • Усвојување во годишен план за електро енергетски објекти (Мин.за Енер)
    • Добивање на овластување за изградба на енергетски објекти (Мин.за Енер)
  • Наоѓање на соодветен пласман на произведената електрична енергија со склучување на соодветен договор за откуп
Навремена набавка на опремата поради промена во цените на производите и комплицирање на начинот на испорака, согласно последните случувања во светот.

ЕВН Снабдување: Како ја гледате улогата на батериите во енергетскиот систем во Македонија во следните 5–10 години?

Стојчевски: Во следните 5-10 години батериите ќе имаат клучна улога. УСЕЕ се наједноставно и најбрзо решение за имплементација со цел да се одговори на сите тековни предизвици образложни погоре. Исто така, нивната соодветност е за истиот период од највеќе 10 години и е во согласност со денешниот технолошки развој кој во главно гарантира операбилност на овие уреди со запазени перформанси и гаранции до 10 години.

5.png

ЕВН Снабдување: Што би им порачале на компаниите што размислуваат за инвестирање во батерии?

Стојчевски: Првите кои ќе имплементираат УСЕЕ ќе имаат можност за најбрз поврат на инвестицијата. Секако ова е условено од начинот на искористувањето на УСЕЕ и соодветен договор за откуп на електричната енергија, односно потребата од:
  • Соодветен договор за снабдување и откуп на електричната енергија со стабилен снабдувач на ЕЕ кој има соодветен систем за менаџмент на енергетско портфолио (EPM – Energy Portfolio Management)
  • Соодветен систем за менаџмент на батеријата (EMS – Energy Management System)
  • Успешна интеграција помеѓу двата система за максимален приход со фер распределба помеѓу двата правни субјекти
Инвестирањето во УСЕЕ не носи брз поврат на инвестицијата, но носи долга енергетска стабилност, помали оперативни неизвесности и намален ризик при негативните промени во енергетските системи и берзите на електрична енергија.

bateriski-sistem_2169951_1_1778594312150.jpg

bateriski-sistem_5054553_1_1778594312181.jpg

bateriski-sistem_6426074_1_1778594312195.jpg

bateriski-sistem_10720613_1_1778594312233.jpg

bateriski-sistem_13515213_1_1778594312257.jpg

ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје
Ул.Лазар Личеноски бр.11, Скопје
П. ФАХ 694, Скопје 1000, Македонија
Телефон: +389 (0)2 3205 500
[email protected]
Политика за приватност