Во пријатна атмосфера, исполнета со прекрасни звуци на виолините на Тринити стрингс, на талентираната Ана Петановска и на енергичниот Ѓоко Танески, и во друштво на пријателите, соработниците, партнерите од приватниот сектор, институциите, медиумите и дипломатскиот кор, ЕВН Снабдување прослави една деценија од своето делување на пазарот. Помеѓу присутните беше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад Марко Бислимовски, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и амбасадорот на Република Австрија Н.Е. Мартин Памер. Во автентичниот амбиент на винарницата Камник во близина на Скопје, претседателот на Управниот одбор на ЕВН Волфганг Маиер ги поздрави присутните изразувајќи благодарност за долгогодишното партнерство и соработка. Пред присутните се обратија и менаџерите на ЕВН Снабдување Роланд Циглер и Беркант Шен. За значењето на овој јубилеј разговараме со господинот Циглер и со господинот Шен.
ЕВН Снабдување одбележува 10 години од своето постоење. Кои се главните придобивки што компанијата ги нуди на македонскиот пазар?
Циглер: ЕВН Снабдување веќе 10 години е водечка компанија на либерализираниот пазар на електрична енергија и преку своето делување придонесе за развој на пазарот и воспоставување високи стандарди во енергетскиот сектор. Како членка на Групацијата ЕВН која има околу
5 милиони корисници на повеќе пазари во Југоисточна Европа, ЕВН Снабдување понуди големо искуство, експертиза и квалитетни услуги што на компаниите кои се наши клиенти им овозможи да се посветат на својот развој, а снабдувањето на електрична енергија да го препуштат на стабилен и доверлив партнер. Уште на самиот старт од нашето делување креиравме понуда која беше одговор на потребите на нашите партнери. И денес, по 10 години, со гордост можеме да кажеме дека не само што го задржавме високиот квалитет на нашите услуги, туку го надоградуваме во континуитет согласно барањата на пазарот.
Кои се придобивките за клиентите, каква е секојдневната комуникација со нив?
Шен: ЕВН Снабдување има над 45% пазарно учество или во бројки 3.600 корисници снабдени со електрична енергија. Директната комуникација и анализата на потребите на нашите клиенти е наш секојдневен пристап кој нѐ издвојува на пазарот. За потребите на компаниите се грижат менаџери за клучни корисници, кои се распределени по географски региони. Секој од нив ја знае поединечната специфика на секоја од компаниите и е достапен за нив 24 часа, 365 дена во годината. Иако имаме голем број компании, точно ги знаеме нивните потреби и постојано работиме на подобрување на понудата и креирање на решенија кои ќе ги пресретнат и надминат нивните очекувања и ќе помогнат во нивниот развој. Во нашето портфолио има компании од сите сегменти и со ваквиот пристап ние директно помагаме за развојот на националната економија. Нашите искусни тимови врз база на претходна анализа креираат решенија по мерка на корисниците, а на тој начин нашите партнери ја зголемуваат ефикасноста во своето работење, ги намалуваат трошоците и стануваат поконкурентни на пазарот на кој ги пласираат своите производи и услуги.
ЕВН Снабдување е многу активна и во сегментот на електромобилноста. Што досега е направено на овој план?
Циглер: Една од работите што ни дава сериозна конкурентска предност на пазарот се дополнителните услуги што ги нудиме, како на пример енергетската ефикасност, во чии рамки изработуваме решенија за нашите партнери со што се намалува потрошувачката на електрична енергија, потоа ЕВН Снабдување како виртуелен производител, овозможува централизирано управување на производителите на електрична енергија од обновливи извориприклучени на електродистрибутивната мрежа, со цел оптимизација на трошоците и секако во дополнителни услуги значајно место завзема електромобилноста. Во таа насока, во соработка со општините, изградивме сериозна инфраструктура за електромобилност со над 50 полначи во 17 градови низ земјата, од кои 21 на територијата на Скопје. Електрични полначи се поставени на јавни површини, во хотели и трговски центри, со што се создадоа услови за поголемо користење на електричните возила и за поголема заштита на животната средина. Нашите напори продолжуваат со силен фокус на брзите полначи, како главен предуслов за олеснета мобилност на електричните возила на подолги дестинации. Брзите полначи се со DC конектори со моќност од 150kW и се меѓу најефикасните во својата класа, овозможувајќи брзо и лесно полнење во времетраење од 30-40 минути во зависност од типот на возилото. Благодарение на соработката со Макпетрол до крајот на 2024 година ќе се инсталираат вкупно 10 брзи полначи на главните патишта што ќе овозможи да се патува преку и низ Македонија со електрично возило. Зелената енергија и забрзувањето на енергетската транзиција се големи теми во енергетиката. Но, за да се случат промените секој од нас треба да даде свој придонес. ЕВН Снабдување и целата групација ЕВН работи многу на овој процес. Токму електромобилноста е една од тие области во кои сакаме да дадеме сериозен придонес и да поттикнеме уште поголем развој.
Кои се идните планови?
Циглер: Промените на пазарот се динамични, а ние со нашите тимови подготвено ги следиме и работиме на нови услуги кои ќе одговорат на потребите на корисниците. Едно ќе биде исто и во иднина, ЕВН Снабдување останува сигурен и доверлив партнер. Имаме стабилна позиција на пазарот, а нашите планови за дополнително ширење на пазарот веќе даваат резултати.
Со инсталирана моќност од над 180 MW и над 300 GWh годишно произведена зелена електрична енергија од домашни извори додаваме нова вредност на компанијата и не застануваме, продолжуваме да работиме на имплементација на сите новини на пазарот на електрична енергија.
Што може да очекуваат партнерите?
Шен: Голем дел од нашите партнери се со нас цела декада и нашата соработка продолжува и во следниот период. Тоа е голема потврда за квалитетот на услугите што ги нудиме на пазарот. Нашите тимови со својата посветеност, експертиза и искуство навистина пружаат голема поддршка во секојдневното работење, а иновативните услуги се само гаранција дека ние не застануваме тука. Напротив посветени сме на постојано надополнување на нашето портфолио и развој во сите сегменти од работењето. На нашите партнери сакам да им се заблагодарам за довербата и да им порачам дека во иднина продолжуваме со уште поголем интензитет и дека остануваме вистински избор за оние што бараат доверлив и стабилен партнер во доменот на енергетските услуги.