Предизвиците на прогнозирање на производството на фотоволтаични централи

 
Автор: Никола Ушинов
Раководител на оддел Планирање и набавка на енергија во ЕВН Македонија

*****

Соларната енергија станува сè поважен извор на електрична енергија во Македонија, а со значително зголемениот број на фотоволтаични централи кои беа пуштени во употреба во последните две години, се јавуваат и нови предизвици, особено во прогнозирањето на нивното производство.
 
Прогнозирањето е важно за стабилноста на енергетскиот систем

Фотоволтаичните централи произведуваат електрична енергија од сончевата светлина која варира во зависност од различни фактори како што се временските услови, сезоната и локацијата на централите.
Точната прогноза на производството од фотоволтаични централи се состои од развивање на математички и статистички методологии, техники и модели на променливоста на овие фактори. Доколку прогнозите за произведена електрична енергија се помалку точни, тоа може да доведе до недостиг или до вишок на електрична енергија во енергетскиот систем.
Тој недостиг на енергија треба да се покрие со набавка на дополнителна т.н. балансна енергија од операторот на електропреносниот систем (ОЕПС). Но, набавката на балансна енергија ги зголемува трошоците за снабдувачите со електрична енергија кои вршат откуп на произведената електрична енергија од фотоволтаични централи и кои истата понатаму ја проследуваат кон крајните потрошувачи.
Во обратниот случај, кога се јавува вишок на енергија во енергетскиот систем, тогаш истата се регулира или преку давателите на балансни услуги за потребите на ОЕПС или преку трансфер на енергијата од ОЕПС во соседните електропреносни системи преку соодветни склучени договори за таа намена.
 

Влијанието на прогнозирањето врз трошоците за балансирање на енергетскиот систем

Балансирањето на енергија се однесува на процесот на одржување на рамнотежата помеѓу понудата и побарувачката на електрична енергија. Во ситуација на недостаток на електрична енергија поради неточни прогнози, ОЕПС мора да набави дополнителна енергија од други извори, обично по повисока цена од пазарната цена. Оваа енергија се нарекува балансна енергија и нејзините трошоци можат да бидат доста високи, во зависност од количината, достапноста, понудата и од периодот.
За фотоволтаични централи, помалку прецизните прогнози значат дека соодветните енергетски компании не можат точно да предвидат колкава количина на енергија ќе биде достапна во одредено време. На пример, ако времето одеднаш се промени и заради облачноста има помалку сончева светлина од предвиденото, производството на електрична енергија ќе биде помало, а потребата од користење на балансна енергија ќе се зголеми.
Во услови на пазарно ориентиран енергетски систем, трошоците за оваа балансна енергија, ОЕПС директно ги плаќа на давателите на балансни услуги, а потоа истите трошоци ОЕПС преку клиринг постапка ги трансферира соодветно на производителите или на потрошувачите на електрична енергија, во зависност од нивното учество.
Во случајот со фотоволтаични централи, прецизните прогнози можат да помогнат да се намалат трошоците поврзани со балансирање на системот и воедно да ја подобрат стабилноста на енергетскиот систем,
 

ЕВН Електроснабдување - лидер во прогнозирањето на производство од фотоволтаични централи
 
ЕВН Електроснабдување е водечка компанија во Македонија кога станува збор за прогнозирање на производството од фотоволтаични централи. Тимот на компанијата за прогнозирање на енергијата, користи најсовремени софтверски решенија, технологии и напредни алгоритми за машинско учење, со што успева да обезбеди најпрецизни прогнози за соларната енергија. Ова е од клучно значење за одржување на стабилноста на енергетската мрежа и минимизирање на трошоците за балансна енергија.
Клиентите кои ја избираат ЕВН Електроснабдување како свој откупувач или снабдувач со електрична енергија, можат да бидат сигурни дека добиваат услуги од компанија која има длабоко разбирање за соларната енергија и која постојано инвестира во иновации и подобрување на своите системи за прогнозирање. Благодарение на ова, ЕВН Електроснабдување може да понуди пониски трошоци за потрошувачите или повисоки откупни цени за производителите на соларна енергија, со што ЕВН Електроснабдување претставува идеален партнер за сите кои сакаат да инвестираат во фотоволтаични централи.
Изборот на ЕВН Електроснабдување значи избор на доверба, напредна технологија, и посветеност на квалитетот и токму затоа ЕВН Електроснабдување претставува први избор за сите потрошувачи и производители кои сакаат да ги искористат предностите на обновливите извори на енергија.

ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје
Ул.Лазар Личеноски бр.11, Скопје
П. ФАХ 694, Скопје 1000, Македонија
Телефон: +389 (0)2 3205 500
[email protected]