Елена Лалевска Илиев
Управител
Елида Куманово
*****
ЕВН Снабдување: Може ли накратко да ни раскажете за вашата компанија и како се одлучивте да станете клиент на ЕВН Снабдување?
Лалевска Илиев: Нашата компанија е долгогодишен лидер во малопродажбата на храна во Македонија, со најголемо присуство во Куманово и неколку локации во Скопје. Покрај тоа, активно работиме и во производството на пекарски производи. Се одлучивме за ЕВН Снабдување поради стабилноста на компанијата, одличната соработка и поддршка од нашиот менаџер за клучни корисници и персонализираниот пристап и, секако, најдобрата понуда што ја добивме.
ЕВН Снабдување: Какво е Вашето досегашно искуство во соработката со ЕВН Снабдување?
Лалевска Илиев: Нашето искуство е исклучително позитивно, ја цениме Вашата професионалност, посветеност и отворена комуникација. Од самиот почеток на соработката, добивме јасни и детални информации за понудите, што ни помогна да донесеме информирана одлука. Особено го цениме проактивниот пристап и подготвеноста секогаш да се одговори на нашите барања и потреби. Навремената поддршка и достапноста на целиот тим ни овозможуваат непречено работење, што е клучно за нас како компанија во прехранбениот сектор.
Стабилноста на снабдувањето со електрична енергија, во комбинација со флексибилноста на услугите, дополнително го потврдуваат нашиот избор и ја зајакнуваат довербата во ова партнерство.
ЕВН Снабдување: Како ја оценувате сигурноста и квалитетот на снабдувањето со електрична енергија?
Лалевска Илиев: Досега немаме искусено проблеми во користењето на услугите и соработката.
Како компанија во прехранбениот сектор, стабилното и непречено снабдување ни е од исклучително значење, особено во производството на пекарски производи, каде секој прекин може да предизвика сериозни последици.

ЕВН Снабдување: Oд неодамна користите продукт каде цената на електричната енергија е индексирана со македонската берза (МЕМО), за разлика од претходно кога беше индексирана со HUPX берзата. Како ја оценувате оваа промена и кои се вашите придобивки од промената?
Лалевска Илиев: Оваа промена ја намалува зависноста од флуктуациите на регионалните пазари, кои често се под влијание на фактори што не секогаш одговараат на македонските услови. Сепак, сè уште е рано да се даде целосна проценка за ефектите од оваа промена. Потребно е подолго време за да видиме како ќе се одрази на нашето работење и дали ќе донесе долгорочни финансиски и оперативни придобивки.
ЕВН Снабдување: Што ве мотивираше да инвестирате во фотоволтаичен систем и да ја користите можноста за откуп на електрична енергија?
Лалевска Илиев: Како општествено одговорна компанија, секогаш сме посветени на одржлив развој и иновации кои не само што го подобруваат нашето работење, туку имаат и позитивно влијание врз заедницата и животната средина. Инвестицијата во фотоволтаичен систем дојде како логичен чекор во нашиот стратегиски план за долгорочна енергетска одржливост. Енергетската криза во изминатиот период, заедно со економските предизвици предизвикани од ковид-пандемијата, создаде голем финансиски товар за многу компании, вклучително и за нас. Сведочевме на значителни флуктуации во цените на електричната енергија, што ни покажа дека е неопходно да преземеме конкретни чекори за намалување на ризикот од идни енергетски нестабилности.
Со оваа инвестиција, не само што ги оптимизираме нашите оперативни трошоци и ја намалуваме зависноста од традиционалните извори на енергија, туку и активно придонесуваме кон зелената транзиција и создавање почиста и посигурна енергетска иднина.
Веруваме дека ова е пример што треба да го следат и други компании, бидејќи обновливите извори на енергија не се само еколошки, туку и економски одржливо решение за иднината.
ЕВН Снабдување: Што ве поттикна да ја користите услугата нетинг? Кои се ефектите кои ги имате и колку оваа можност ви помага во намалување на трошоците за електрична енергија?
Лалевска Илиев: Главната мотивација беше намалувањето на трошоците за електрична енергија и зголемувањето на нашата независност од нестабилните пазарни цени. Со нетингот, енергијата што ја произведуваме на една локација ја искористуваме на друг објект, што ни помага во подобро управување со ресурсите, поголема енергетска независност и намалување на финансиските оптоварувања.
Истовремено, оваа практика придонесува за намалување на емисиите на CO₂ и ни овозможува поодржливо работење. Со оваа инвестиција, не само што ја подобривме ефикасноста, туку и создадовме поекономичен и еколошки одговорен енергетски модел.
ЕВН Снабдување: Како ЕВН Снабдување придонесе за подобрување на енергетската ефикасност на вашата компанија?
Лалевска Илиев: ЕВН Снабдување одигра значајна улога во подобрувањето на енергетската ефикасност на нашата компанија преку стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија, како и со можностите за прилагодливи енергетски решенија.
Особено ни помогна анализата на потрошувачката и препораките за подобрување, како и можноста за нетирање. Флексибилните решенија кои ги нуди ЕВН Снабдување и нивните стручни совети за енергетска ефикасност, ни помогнаа да го усогласиме нашето работење со современите трендови за одржлива енергија. Ова партнерство за нас е значаен чекор напред кон енергетска независност и еколошка одговорност.
ЕВН Снабдување: Дали би ја препорачале ЕВН Снабдување на Ваши соработници и партнери? Што е она по што се разликуваме од останатите?
Лалевска Илиев: Без сомнение!
Досегашното искуство ни покажа дека станува збор за сигурен и професионален партнер во енергетскиот сектор. Нивната долгогодишна стабилност на пазарот, експертизата и достапноста ги прават доверлив избор за компании кои сакаат ефикасно и одржливо да управуваат со својата енергија.
Она по што навистина се разликуваат од останатите компании е комбинацијата на know-how, стабилност и персонализиран и проактивен пристап.