Енергетски консултантски услуги

Со ЕВН Електроснабдување до ефикасно решение за управување со енергија!

ЕВН Електроснабдување воведе нов продукт кој обезбедува стручна консултација за компании кои сакаат паметно да управуваат со енергијата и да инвестираат во интегрирани енергетски решенија.
Нашиот тим комбинира техничко знаење, економска анализа и практична експертиза за да Ви помогне да ја зголемите енергетската ефикасност и стабилноста на инвестициите.

Вашите придобивки:

  • Независна и стручна консултација базирана на податоци
  • Прецизна ROI калкулација пред одлука за инвестиција
  • Поддршка при избор на технологија и добавувач
  • Техничка помош при добивање дозволи и регулаторни одобренија
  • Континуирано следење и оптимизација на системот

📌 Без дополнителни консултантски трошоци – целосна поддршка од избор на најсоодветно решение за складирање на електрична енергија до следење и оптимизација на неговото работење, со цел максимална ефикасност.

Нашиот пристап - 4 фази:

  1. Анализа на потрошувачката и потребите – детална анализа на моменталната состојба и идентификација на потенцијал за заштеда и дополнителни приходи.
  2. Препорака за најсоодветно решение – моделирање на ROI и препорака за техничка спецификација на системот.
  3. Имплементација и регулаторна поддршка – поддршка при избор на добавувач, дозволи и интеграција.
  4. Следење и оптимизација – подготовска за пристап до пазарите на електрична енергија, следење на перформансите и оптимизација.
Зошто да го одберете ЕВН Електроснабдување

Со долгогодишно искуство, стабилност и експертиза во енергетскиот сектор, ЕВН Електроснабдување е сигурен партнер за развој на модерни, одржливи и економски исплатливи енергетски решенија.
Нашите експерти се тука да ви помогнат да ја искористите енергијата најдобро. 

Доколку сакате да изработиме персонализирана ROI калкулација за Вашата компанија, Ве молиме контактирајте не на [email protected].

ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје
Ул.Лазар Личеноски бр.11, Скопје
П. ФАХ 694, Скопје 1000, Македонија
Телефон: +389 (0)2 3205 500
[email protected]
Политика за приватност